ноември 27, 2020

Zoom конечно додаде заштита на разговорите

Zoom конечно додаде криптирање за заштита на разговорите. Ваква заштита за дел од корисниците кои плаќаа претплата веќе беше достапна од пред неколку месеци, но сега е отворена за сите. Подигање на заштитата е од исклучителна важност, а една од причините е број на корисници во пандемијата.

„Горди сме што може да преставиме end-to-end криптирање на Zoom за сите корисници во светот“, вели Џејсон Ли, шеф за информациска безбедност во Zoom.

End-to-end криптираните разговори засега се во тест фаза и така ќе останат во следните 30 дена. Во овој период компанијата ќе собира реакции од корисниците, пред и официјално да ја „лансира“ промената.

Недостатокот на сигурност и едноставното „киднапирање“ е една од најголемите пречки за побрз раст. Во април Zoom го ангажираше Алекс Стамос како советник за безбедност. Компанијата тогаш го замрзна развојот во следните три месеци и во целост се фокусираа на сигурноста.

Zoom е платформа за видео разговори која е супер едноставна за користење. Најголем дел од својата популарност добија во периодот на пандемијата кога на сите им е потребна алатка за видео разговор. Поради ова бројот на корисници нагло се зголеми. За жал платформата до тогаш не беше сериозна кога е во прашање сигурноста на корисниците. Немаше никава заштита на каналите, и постоеше сериозна опасност за нарушување на приватноста на корисниците.

Сподели
  •  
  •  
  •  
  •  
  •  
  •