ноември 27, 2020

Коронакризата затвори дел од хотелите на охридско – струшкото крајбрежје

Поголем дел од хотелите на Охридско-струшкото крајбрежје деновиве веќе ставија клуч на врата. Неко,и според информации на Алсат, планираат тоа да го направат на први ноември. Велат дека во услови кога не остваруваат никакви приходи, единствено решение е ставање клуч на врата.

„Се одлучивме на чекор да го затвориме хотелот, бидејќи затворени се границите. Ги немаме странските групи кои доаѓаат во овој период, односно тие кружни тури. Се разбира тука се вработените, неисплатливоста, немање на семинари, немање на групи. Се надевам дека ќе ги задржиме вработените, но  до кога ќе биде оваа ситуација, до кога ќе издржиме не знам“, вели Иљче Димитриоски – менаџер на хотел во Охрид.

Од туристичкиот сектор велат дека туризмот го очекува уште потежок период.

„За жал туризмот во моментот е на респиратори и единствен спас е државата која може да допринесе да преживее туристичкиот сектор“, рече Филип Стефаноски – тур оператор.

Од Хотелската асоцијација велат дека повеќе од 50% од хотелите ќе затворат.

„Додека границите не се отворат нема да има услови за рестартирање на хотелите“, вели Крсте Блажески-претседател на ХОТАМ.

Блажески додава дека државната помош за сега е доволна само да задржат вработени, додека за функционирање и опстанок на бизнисите, помошта е далеку од потребната.

Извор: Алсат

Сподели
  •  
  •  
  •  
  •  
  •  
  •