ноември 25, 2020

МОН: Мал е бројот на заразени ученици и наставници

Министерството за образование и наука смета дека протоколите за зашита на здравјето ефикасно се спроведуваат во уличиштата бидејќи, според пресметките, помалку од еден процент од учениците и кадарот се заразени со коронавирусот. Наставата продолжува да се одвива непречено, следејќи ја веќе утврдената динамика и организација, наведува Министерството.

Според извештаите кои училиштата секојдневно ги доставуваат, од вкупниот број 259.235 ученици на ниво на државата процентот на заразени изнесува 0,06%, а од вкупниот број 27.955 наставници и друг кадар овој процент изнесува 0,58%, што е далеку под еден процент.

Во рамки на наставата со физичко присуство, регистрирани се вкупно 40 ученици позитивни на корона вирусот и 52 вработени од наставниот кадар во средните и основните училишта. Во сите овие случаи се реагира навремено според препораките на Центрите за јавно здравје, со што се спречува трансмисија на вирусот, истакнува Министерството за образование.

„Во сите останати случаи станува збор за учесници на онлајн настава, при што ниту децата, ниту наставниците имале контакти со останатите од училиштата. Исто така, учениците и наставниците кои одат во изолација поради близок контакт со заразаено лице, или затоа што се позитивни на ковид-19 наставата ја продолжуваат онлајн, со што се обезбедува континуитет во образовниот процес”, наведува Министерството.

Министерството за образование и наука апелира учениците, наставниците и родителите доследно да ги почитуваат мерките и протоколите за заштитазатоа што само со носење маски, држење растојание и често миење и дезинфекција на рацете може да се спречи ширењето на болеста.

Сподели
  •  
  •  
  •  
  •  
  •  
  •