ноември 25, 2020

Дали ќе има решение за самоизолација на Заев, министерот Хоџа, министерката за одбрана или ќе има само политика?

Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски вечерва објави дека е позитивен на Ковид 19.

Спасовски вчера беше со премиерот Зоран Заев, генералниот секретар на СДСМ Љупчо Николовски и Министерката за одбрана Радмила Шекеринска на иста маса во затворена просторија на конгресот на СДСМ.

Денеска пак Спасовски беше заедно со Заев и дипломати и соработници како и со министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Арјанит Хоџа на акција за засадување на дрвја.

Сподели
  •  
  •  
  •  
  •  
  •  
  •