ноември 25, 2020

Протест на пожарникарите, Шилегов свесен за проблемот, но не почитува судска одлука (видео)

За градот Скопје и градоначалникот Шилегов, влегувањето во оган да спасите некого и да си го ризикувате животот не е опасна професија. Имено, тие одбиваат со години да им го исплатат на пожарникарите надоместокот за опасност во редовната плата, иако судот им наложува. Ваквата неправда ги натера пожарникарите денеска да излезат на протест. Тие велат дека со години градот не им ги дава тешко заработените пари и дека веќе немаат друг избор освен, повторно да се обидат преку суд да го добијат тоа што им следува. 

  • Иако пред  18 месеци судот донесе пресуда во наша корист, односно надоместокот за опасност при работа (член 13/специфични и отежнати работи во услови при работа) да влезе во плата, градот Скопје сеуште не го зема тоа во предвид, со што се приморани тоа прави да го оствариме преку судови, адвокати, извршители итн. Поради непочитување на одлуката од град Скопје и градоначалникот ние пожарникарите на 15 октомври самоинцијативно се собравме и формиравме иницијативен одбор од 4 члена, по еден член од секоја чета кој ќе не води да си го оствариме нашето право – вели Исаевски.

На 18-ти месецов испратиле барање до градската власт во платата за октомври да биде внесен додатокот, но во рокот кој го дале од пет дена,  не добиле одговор.

  • Затоа одлучивме денеска да се собереме на мирен протест, како што доликува на најхуманата и најопасната професија и да го искажеме нашето незадоволство. Сакаме уште еднаш да упатиме барање до таткото на градот, во текот на денешниот ден да ја разгледа можноста и да нареди израмнување и корекција на платата со надоместокот од судските пресуди, истакна Исаевски.

Се јави и Шилегов, барале системско решение на државно ниво оти не било само Скопје проблемот. Не заборави и за оваа работа да ја обвини опозицијата.  

  • ..И медијатори, дајте ќе направиме спогодба, по основа на тоа ќе ве исплаќам, ама ВМРО-ска работа ти е ова, така што.. утре имаат и другиве – вели Шилегов.

Со оглед на тоа, дека проблемот останува нерешен противпожарната бригада од Скопје закажа протест за утре пред градската власт.

Извор: Алфа Тв

Сподели
  •  
  •  
  •  
  •  
  •  
  •