ноември 25, 2020

ПОЧНА УРИВАЊЕТО НА ДИВОГРАДБИТЕ ВО ВЕВЧАНИ (ВИДЕО)

Уште рано в зори почна уривањето на дивоградбите во Вевчани и тоа од кафулето кое е во сопственост на ќерката на екс градоначалникот која вчера акцијата ја опиша како чист политички реваншизам од страна на актуелниот градоначалник.

Ова што утрово се случи вели Мурџеска е доказ за селективност при уривањето но и за политичка пресметка. Општинската механизација уште во 5 часот им дошла на врата, па таа нејзиниот сопруг и вработените сами почнале да ја отстрануваат кровната конструкција со цел багерот да не им направи уште поголема штета врз објектот.

Во меѓувреме се жали дека постојано од надзорот биле под притисок да побрзаат со уривањето иако претходно најавиле  дека денеска чекаат одлука од судот за времена мерка за уривање.

Контрадикторно во целата ситуација вели Мурџеска е што првенствено тие ги имаат сите дозволи, проекти и елаборати, а друго што кафулето до нив кое е инаку во сопственост на директорот на Општинското комунално претпријатие има потполно иста па дури и поголема тераса но за таму нема решение за уривање.

Градоначалникот Јанковски пак тврди дека сите други кафулиња имаат дозволи за терасите, а обвинувањата на негова сметка вели дека се политичка хајка.

Мурџески ќе ја бараат правдата и понатаму се додека не се донесе урбанистички план за селото, а Јанковски најавува дека идниот период во Вевчани ќе се рушат уште 5 тврди градби и 4 времени објекти.

Извор: Тв 24

Сподели
  •  
  •  
  •  
  •  
  •  
  •