ноември 25, 2020

Пановски: Зошто нe вpшaт oбдyкции на пoчинaти од Koвид 19 иако така ќе научиме најмногу за болеста?

За професорот по микробиологија, Никола Пановски е нејасни зошто не се вршат обдукции на луѓе кои што починале од Ковид 19. Тој напомена дека и препораката од СЗО е да не се вршат обдукции поради наводната опасност од ширење на заразата, ова за Инфомакс го истакнува Пановски.

Пановски сепак потенцира дека низ историјата науката најмногу напредувала и учела за болести токму преку обдукцијата која за пациентите со Ковид 19 е забранета.

-По закон, за нејасна смрт е потребна обдукција, меѓутоа за оваа болест заради да не се заразеле повеќе луѓе, СЗО кажа да не се врши обдукција што до денес е нејасно бидејќи медицината за жал или за среќа, не знам како да кажам, се развила пред се од кога почнале луѓето скришно уште кога црквата не дозволувала да ги сечат лешевите и да видат како е градено човековото тело и да се види причината за болеста. Значи најмногу се учи за секоја болест ако се прави обдукција особено за оваа нејасна болест би можело да се научи многу. Така да обдукции многу ретко се прават, а кај нас уште помалку.

Сподели
  •  
  •  
  •  
  •  
  •  
  •