ноември 27, 2020

ЛЕВИЦА ПОДНЕСЕ ДВЕ ПРИЈАВИ ДО ДРЖАВЕН ИНСПЕКТОРАТ ЗА ЖИВОТНА СРЕДИНА

Според дојави од жители од Струга и Суводол (Македонски Брод), во овие две места се врши еколошка катастрофа. Имено, на потегот од кампот Ливадишта се’ до населбата Елен Камен во Струга, подолг временски период непознат сторител со камион носи и исфрла градежен шут. Додека пак, во селото Суводол во месноста наречена „Долги Рид“ во Македонски Брод, од страна на Друштвото за градежништво, производство, промет и услуги „Хаби Градба“, се врши експлоатација на минерални суровини. Постојат индиции дека, оваа фирма ги надминува физичките граници за кои е дозволен ископ. Левица и за двата случаи поднесе пријави до државниот инспекторат, за што очекуваме соодветно да реагира❗️

Сподели
  •  
  •  
  •  
  •  
  •  
  •