ноември 26, 2020

Градоначалникот на Куманово Максим Димитриевски му го врати орденот на Каракачанов

Орденот од 100 годишната од Првата светска војна даден во 2017 година од страна на министерот за одбрана на Бугарија, Красимир Карачаканов му беше доделен на градоначалникот на Куманово, Димитриевски ќе му го врати заедно со протестно писмо поради изјавите кои не водат кон добри меѓусоседски односи.

„Ако разговараме за помирување и смирување на односите, недозволиво е во 21 век да има претставници во Владата на која било земја каде има изјави кои се со заканувачки карактер по националниот идентитет на соседите. Нема да дозволиме да се поминат црвените национални граници, посебно кога тука, по однос на ова прашање имаме поддршка од сите етнички заедници. Никој нема право да го оспорува нашиот идентитет и наместо да гледаме во историјата, треба да се насочиме кон иднината“, изјави градоначалникот на Куманово, Максим Димитриевски.

Според него, Владата води политика на меѓусоседски односи кои промовираат европска политика, напредни сфаќања. „Сигурен сум дека премиерот знае како да се справи со секоја ситуација, досега покажа дека знае да биде трпелив и да покаже дека со вистински решенија доаѓаат вистински одлуки. Не се сомневам дека и во овој случај тоа ќе биде така“, додаде Димитриевски.

Сподели
  •  
  •  
  •  
  •  
  •  
  •