ноември 27, 2020

Хрватска бара помош од пензионираните доктори

Претседателот на лекарската комора на Хрватска Крешимир Луетиќ, изјави дека ситуацијата со Ковид-19 во земјата е сериозна и дека државата ќе тргне да ги мобилизира пензионираните доктори.Пензионираните лекари би требало да работат со другите пациенти, не оние заразени со Ковид-19.

Додаде дека тие нема да бидат во „првите борбени редови“ затоа што се во ризична група, но дека треба да се заменат лекарите кои поради самоизолација испаѓаат од системот, и треба да бидат заменети да работат со не-ковид пациенти.

Сподели
  •  
  •  
  •  
  •  
  •  
  •