ноември 27, 2020

Амди Бајрам ќе бисе погребан во Алејата на великаните

Сојузот на Ромите, партијата на починатиот Амди Бајрам, соопшти дека нивниот лидер денеска ќе биде погребан во Алејата на великаните на гробиштата во Бутел.

Долгогодишниот политичар почина вчера на 64-годишна возраст по срцеви компликации, а пред една недела беше на свадбата на неговата внука која се одржа во Турција.

Погребот е закажан за денеска, прво во 14 часот во Али Пашината џамија и во 15 часот на гробиштата во Бутел во Алејата на Великаните.

– Од канцеларијата на Сојузот на Ромите на Република Република Македонија ве информираме со голема тага и болка дека вчера, на 24 октомври 2020 година почина нашиот сакан и почитуван претседател на партијата и долгогодишен пратеник во Собранието, претходно соопшти партијата.

Сподели
  •  
  •  
  •  
  •  
  •  
  •