ноември 27, 2020

Аднан Мемед ги повика граѓаните на поворка за погребот на Амди Бајрам

Блискиот соработник и  пријател на Амди Бајрам, Аднан Мемед вечерва преку Фејсбук ги повика граѓаните утре на поворка која ќе тргне од куќата на Бајрам во Бутел кон неговото вечно почивалиште. Иако Министерството за здравство апелираше да не се прават погребни ритуали како превенција од понатамошно ширење на инфекцијата од ковид-19, сепак според овие најави тоа нема да се испочитува.-Да откорнеш гранка од едно дрво многу боли, да искинеш лист од гранката може повторно да расте. Да го снема дрвото, дури тогаш се чувствува празнина. Едноставно го нема, а толку често го имаше, секогаш беше тука, што просто да не ти се верува дека повеќе го нема.Семејството Бајрам изгуби сопруг, татко, родител, дедо. Ромската нација го изгуби својот татко, изгуби борец, изгуби патриот!!!Амди Бајрам им помогна на сите! Амди Бајрам беше другар со сите! Соработник, пријател, партнер и народен човек!!! Ги повикуваме сите кои го почитуваат ликот и делото на Амди Бајрам! Ги повикуваме сите на кои им помогна, роднини, пријатели, политичари, бизнисмени, организации и сите Роми и не-Роми, за последен пат да го испратиме до вечниот дом, затоа што заслужува, затоа што беше голем Ром и пред се голем човек! Телото на Амди Бајрам ќе биде погребано на градските гробишта во Бутел! Поворката ќе тргне од 14.00 часот од семејната куќа во општина Бутел, напиша Мемед.

Сподели
  •  
  •  
  •  
  •  
  •  
  •