ноември 26, 2020

Франција го повлече својот амбасадор од Турција

Се заоструваат односите меѓу Турција и Франција, откако Ердоган денеска го доведе во прашање менталното здравје на Емануел Макрон.

-Каков проблем има личноста наречена Макрон со муслиманите и исламот? На Макрон му треба третман на ментално ниво . Што друго може да се каже за шефот на држава кој не ја разбира слободата на верување и кој се однесува на овој начин кон милиони луѓе што живеат во неговата земја и кои се членови на друга вера, рече Ердоган во говорот во централниот турски град Кајсери.

Оваа изјава следува откако францускиот претседател овој месец му објави војна на „исламистичкиот сепаратизам“, за кој верува дека е се поприсутен во некои муслимански заедници во Франција.

По изјавата на Ердоган, Франција го повлече својот амбасадор од Турција.

-Бесот и навредата не се метод, порачаа од канцеларијата на Макрон.

Сподели
  •  
  •  
  •  
  •  
  •  
  •