ноември 27, 2020

САД водечки во светски рамки по наоружување на населението, видете каде е Македонија

Жителите на регионот се едни од најнаоружените во светот. На инфографикот, видете проценки за огнено оружје во рацете на граѓаните во регионот и колку од овие оружја се нерегистрирани.

Во светот има 857 милиони парчиња огнено оружје во сопственост на цивили

Според истражувањето на „Small Arms Survey“, во светот има повеќе од милијарда парчиња огнено оружје, повеќето од нив во рацете на цивили. Тие проценуваат дека 857 милиони се во сопственост на граѓани, 133 милиони во воен арсенал и 23 милиони во агенциите за спроведување на законот. Од 857 милиони парчињ огнено оружје во цивилни раце, 393 милиони се во САД, што е повеќе од вкупниот број на огнено оружје во првите 25 држави на списокот. И кога ќе ја поставиме таа бројка во однос на населението, населението во САД сочинува четири проценти од светската популација, додека граѓаните на оваа земја имаат 40 проценти од светското огнено оружје.

Постои голема разлика во вооружувањето ширум светот. Најголем број оружја има во веќе споменатите САД, 121 на 100 жители, 53 во Јемен, додека граѓаните на Србија и Црна Гора поседуваат по 39 парчиња огнено оружје/100 жители. Од друга страна се земји како Јапонија и Индонезија каде има помалку од едно огнено оружје на 100 жители.

*на 100 жители
*на 100 жители

Сподели
  •  
  •  
  •  
  •  
  •  
  •