ноември 24, 2020

Утре влада(на) може да донесе одлука да ги амнестира сите затвореници?!

Стефчо Негриески

Навистина, што ако утре или задутре Владата “ни”, донесе одлука да ги ослободи сите затвореници? Дали ќе го премолчиме и тоа?

Владата малце се заигра. Или малце повеќе. Сака со одлуки (читај царски декрети) да владее. Да воспостави ред. А во суштина, воспоставува анархија. Анархија во Македонија. Невиден хаос. Пара – законодавство. Правната држава за која сите зборуваат, значи дека законите (и уставот) важат за сите. Значи и за Владата како субјект. Владата не е законодавна, ами извршна власт. Ама тоа некаде на друго место.

Но, во Македонија не е така. Владата те тужи, Владата те суди, и на крај Владата ти пресудува. Нејзината е последна. Па така, за платежните картички за сиромаштијата, потребни се законски измени и собраниска процедура, ама за да го скратите работното време на угостителските објекти ќе си решиме со владина одлука. Абе Влада – на рече. Или, за носење маски на отворено потребни се законски измени, ама за полициски час ќе лупнеме еден владин декрет. Со владин декрет ќе ги казнуваме луѓето на улица со по 20 евра глоба, онака од око. Добро де, ако не носиш маска. Е убо де, ништо страшно. По кој закон ме казнуваш? Абе, Владана рече. Ако е така, зошто ни е Собрание? Дајте распуштете го!! Така и ќе заштедиме, што рече министеркана за образование.

А Македонецот, ќути трпи. Обземен од Стокхолмски синдром. Заљубени во својот киднапер. Кај што има сила – нема правдина.

Со вакви премолчани преседани, не би ме чудело ако утре навистина ни соопштат дека ги ослободуваат сите осуденици. Медиумите во Македонија и тоа ќе ни го претстават како розева слика.

“Тоа е”!!

Автор: Стефчо Негриески

Сподели
  •  
  •  
  •  
  •  
  •  
  •