октомври 25, 2020

Франција: Илјадници луѓе на улица по убиството на наставник

Илјадници луѓе излегоа на улиците на Франција денес во знак на поддршка на наставниците по убиството на наставникот по историја.

Илјадници луѓе излегоа на улиците на Франција денес во знак на поддршка на наставниците и да ја бранат слободата на изразување по убиството на наставникот по историја Самуел Патја, кој беше обезглавен во петокот, откако разговараше со своите ученици за карикатури на пророкот Мухамед, пренесува Танјуг. Од Париз до Лион, Марсеј и Лил, луѓето се собираа во тишина, редовно паузираа за да аплаудираат, да молчат една минута или да ја пеат химната, пренесува Ројтерс.

Францускиот премиер Жан Кастекс, министерот за образование Жан-Мишел Бланкер, како и други политичари присуствуваа на митинг на плоштадот во Париз во знак на солидарност по атентатот, што ја шокираше земјата.

Учесниците носеа маски

“Не плаши не. Не се плашиме. Нема да не поделиш. Ние сме Франција”, рече Кастекс подоцна на Твитер. Демонстрантите носеа заштитни маски заради пандемијата на корона вирусите и транспаренти на кои пишуваше „Да научам, не крварам“ и „Јас сум Шарли“, алудирајќи на сатиричното списание „Шарли Ебдо“, кое беше мета на масакр пред пет години. „Тука сме да ја браниме Републиката, вредностите на Републиката: слобода, еднаквост, братство и секуларизам“, рече еден од студентите кои протестираа во Париз.

Наставникот Самуел Пети бил убиен во селото Конфланс Сен-Онорин, предградие северозападно од Париз.

Осомничениот е по потекло од Чеченија

Пети беше предавач во средно училиште, кој на децата им покажуваше карикатури на пророкот Мухамед. Извор од полицијата рече дека сведоците слушнале како напаѓачот извикува „Алаху Акбар“ (Бог е голем). Портпарол на полицијата изјави дека информациите се проверуваат. Осомничениот, по потекло од Чеченија, а роден во Москва, имал 18 години, пренесоа француските медиуми. Франција им понуди азил на многу Чеченци од почетокот на конфронтацијата на Русија со сепаратистите во Чеченија во 90-тите и раните 2000-ти, а во Франција има чеченски заедници.

Сподели
  •  
  •  
  •  
  •  
  •  
  •