октомври 22, 2020

Со ограничувања ги терате луѓето да функционираат андерграунд

Роберт Милески

Само кретени можат да смислат мерка за ограничување на работно време. Јас напротив, би ја продолжил до 2 часот навечер. Сега ќе ви објаснам како на деца од 8-мо одделение зошто:

  1. Прохибицијата на алкохол во САД ги натера граѓаните да ископаат тунели под цел град каде што сите живееја андерграунд.
  2. Кога германска штази вовела такви мерки, сите куќи во Источна Германија со портите што се гледаат како ништо да нема, а позади се огромни дворови во кои функционирале објекти без нивна контрола.
  3. Во Македонија во повеќе градови во прво лице еднина (тоа значи лично јас) видов дека почнаа да функционираат такви андерграунд места во кои се збираат 50-100-200 луѓе, и полицијата нема поим за тоа, а тие функционираат надвор од сите закони и прописи.
  4. Со тоа што луѓето се по кафеани, државашта ќе може да ги контролира и нив и мерките за заштита. Тоа под услов да има држава секако.
  5. Подобро да знам кај ми се луѓето, отколку сите да се во илегала и да немам поим што се случува.

Ама тоа јас вака размислувам, а вие терајте со глупостите. Народот, а посебно младите, ниту некој ги сопрел, ниту вие ќе ги сопрете.

Се надевам бев доволно јасен за вашите ограничени мозочиња да можат да разберат.

Фејсбук статус на Роберт Милески

Сподели
  •  
  •  
  •  
  •  
  •  
  •