октомври 20, 2020

Финската премиерка позираше без градник и кошула и ја подели јавноста

Фотографијата на финската премиерка Сана Марин, објавена во магазинот „Тренди“ предизвика бурни реакции и ја подели јавноста.

Премиерката не позира „закопчана до грло“, туку напротив – пред фотографскиот објектив застанала само со палто и ѓердан на себе, без кошула и градник.

Сана Марин (34) е најмладата премиерка на светот, а сега е во центар на вниманието поради оваа фотографија.

Instagram

Оваа фотографија го подели мислењето на јавноста. Едни сметаат дека е неприкладна за нејзината функција, а други го негираат ваквиот став и сметаат дека тоа е само уште еден показател на нерамноправноста на половите.

Многумина потсетуваат дека кога претседателот Путин се фотографира гол до половина на тоа се гледа со одобрување и отворено воодушевување за неговата фигура.

Сподели
  •  
  •  
  •  
  •  
  •  
  •