октомври 20, 2020

Струга преполна со бездомни кучиња, опасност демне од секоја страна за граѓаните

Проблемот со кучињата скитници во Струга излегува од контрола. Изминативе неколку месеци сè почести се нападите врз граѓани.

Последниот случај е регистриран вчера кога 38 годишна стружанка пријавила во полициска станица дека била искасана од куче скитник. Граѓаните се жалат дека стравуваат за својата безбедност оти глутници кучиња секојдневно се шетаат низ градот.

Општината со години најавува изградба на стационар кој би ги згрижил бездомните кучиња, но во пракса решение нема.

„Имаме направено тим заедно со експерти да поднесеме до Владата барање да ни излезе во пресрет за хуман третман на кучињата. Треба да се направи регионално, заедно со другите градови да се изгради стационар за третман на овие кучиња”. – велат од Општината за 24вести.

Во меѓувреме граѓани кои биле нападнати отпочнаа и правни постапки. До Јавното комунално претпријатие процесуирани се 20-тина тужби за напад од кучиња скитници.

Сподели
  •  
  •  
  •  
  •  
  •  
  •