октомври 21, 2020

Општина Карпош со вкупен долг од 5,1 милион евра, е третата најзадолжена општина во Македонија

‼️ Општина Карпош со вкупен долг од 5,1 милион евра, е третата најзадолжена општина во Македонија, по Охрид и Тетово.

❎ Стефан Богоев го продолжува трендот на задолжување на општината. Само во периодот април-јуни годинава тој ја задолжи општината за 100.000 евра, а во наредниот период ќе го реализира и задолжувањето од 270.000 евра.

❎ Со овие задолжувања на крајот на годината вкупниот долг ќе изнесува 5,5 милиони евра.

❎ Истовремено, додека општината драстично се задолжува троши:

  • 128.000 евра годишно на претплати за мобилни телефони;
  • над 200.000 евра исплаќа на приватни фирми за одржување на јавното осветлувањето наместо тоа да го прават општинските служби;
  • 65.000 евра на печатење на “Карпош ИН” кој служи повеќе за партиска пропаганда на СДС отколку општински информатор
  • 64.000 евра на патувања и сместувања во странство;

➡️ Локалниот огранок на Левица во Карпош бара итна рационализација на трошоците и одговорно користење на приходите, кои се добиваат од жителите на Општина Карпош и дотациите од Буџетот на Република Македонија. Истовремено бараме Стефан Богоев наместо секојдневно гостување во утринските програми, да се зафати со решавање на реалните проблеми со кои се соочуваат жителите, проблеми кои секојдневно се зголемуваат токму поради неговата незаинтересираноста.

Сподели
  •  
  •  
  •  
  •  
  •  
  •