октомври 26, 2020

Мицотакис: Оградата на грчко-турската граница за спречување на мигранти ќе биде готова до април

Новата ограда што ќе биде подигната на грчко-труската граница за спречување на мигранти, ќе биде поставена до април, соопштија од Кабинетот на грчкиот премиер, Кирјакос Мицотакис.

Мицотакис ги посети местата во областа Еврос, североисточна Грција и изјави дека работите бргу напредуваат.

Грчката Влада вработува и дополнителни 400 граничари кои ќе бидат распоредени во Еврос и планира да ја зајакне веќе постојната гранична ограда долга десет километри.

Сподели
  •  
  •  
  •  
  •  
  •  
  •