октомври 29, 2020

Заев: Не гледам потреба за лидерска, Мицкоски нема став за ниту едно национално, стратешко прашање

„Не гледам потреба од лидерска средба. Особено со човек кој нема став за ниту едно важно, национално или стратешко прашање“, одговори премиерот Зоран Заев по вчерашното барање на лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски за лидерска средба во врска со преговорите со Бугарија.

Во одговорот тој уште еднаш посочува дека македонскиот јазик и македонскиот идентитет и посебност се меѓународно потврдени и признаени од целиот свет, а со Бугарија, нагласува, имаме Договор за соработка и добрососедство кој е потпишан и на македонски јазик.

„За темите кои произлегуваат од Договорот изразуваме волја да ги решаваме преку работата на комисиите кои имаат надлежност за тоа. Мицкоски не е за договор на која било тема, тој бара начин само како да наштети на државата, особено на процесите кои не водат кон ЕУ“, вели премиерот Заев за ТВ21.

Сподели
  •  
  •  
  •  
  •  
  •  
  •