октомври 25, 2020

Дипломатска офанзива: Османи на средби со Пахор, Логар, Пленковиќ и Радман во Љубљана и во Загреб

бујар османи

Министерот за надворешни работи, Бујар Османи денеска треба да отпстува во официјална посета на Љубљана, а во вторник продолжува во работна посета на Загреб. За утре е најавена средба со словенечкиот министер за надворешни работи, Анже Логар, а во агендата се разговори и со претседателот на државата, Борут Пахор, како и со претседателот на словенечкиот парламент, Игор Зорчич.

Османи од Љубљана во вторник ќе се пресели во Загреб каде покрај средбата со неговиот домаќин, министерот за надворешни работи на Хрватска, Горан Грлиќ – Радман, ќе се сретне и со премиерот, Андреј Пленковиќ, како и повеќе средби во рамките на хрватскиот парламент.

Како што соопштија од Министерството за надворешни работи (МНР), посетата на шефот на дипломатијата на земјите од регионот се случува во пресрет на важните одлуки за европската перспектива на земјата, во очекување на усвојување на преговарачката рамка и одржувањето на првата Меѓувладина конференција со Европската Унија (ЕУ).

– Фокус на средбите се очекува да биде европската интеграција на Македонија, постигнатиот реформски напредок и одржувањето на добрососедските односи, реафирмирајќи ги притоа очекувањата за поддршка од нашите пријатели за почеток на преговорите во рамките на Германското претседателство со ЕУ, до крајот на годината, се вели во соопштението на МНР.

Сподели
  •  
  •  
  •  
  •  
  •  
  •