октомври 27, 2020

Филипче преку Твитер одговори на барањата на ВМРО-ДПМНЕ за негова оставка

Министерот за здравство доктор Венко Филипче на својот Твитер профил објави фотографија на која тврди дека се наоѓаат членови на ВМРО ДПМНЕ, а на која е евидентно дека не се почитуваат мерките за заштита од коронавирусот, не се носи маска, не се одржува дистанца.

„Состанок на ВМРО ДПМНЕ за барање одговорност од власта за коронавирусот“, напиша Филипче.

Маска не носи нитуАлександар Пандов, кој го предводи патриотскиот институт на партијата, а е на чело на фотографијата.

Твитот на Филипче е одговор на постојаните барања од ВМРО-ДПМНЕ за негова оставка, особено изминатите неколку недели откако нагло порасна бројот на заразени во земјава, при што него директно го обвинуваат за погрешна политика во справување со пандемијата.

Сподели
  •  
  •  
  •  
  •  
  •  
  •