октомври 29, 2020

Соработникот на бугарските служби Красимир Каракачанов со нова провокација: Бугаринот Борис Сарафов беше организатор на Илинденското востание!?

Во Скопје сè уште сметаат на некој да изврши притисок врз Софија и да се предадеме, рече министерот за одбрана на Бугарија, Красимир Каракачанов, коментирајќи ги историските спорови меѓу Софија и Скопје.

Тој посочи дека се сомнева дека Македонија е подготвена за дијалог.

Според Каракачанов, неодамна еден од македонските членовите на заедничката историска комисија беше заменет со друг експерт, кој е познат по поостриот став кон Бугарија.

Бугарскиот министер исто така изјави дека споменикот на бугарскиот офицер Борис Сарафов, кој, според него, беше организатор на Илинденското востание за време на османлиското владеење, беше демонтиран во Македонија.

Дали е тоа гест на „заедничко славење на историјата“? Мислам дека е токму спротивното. Моите препораки до политичарите во Скопје се следните: да престанат да се надеваар и чекаат некој да ни изврши притисок, да го почитуваат договорот за добрососедство, да бидат искрени и да се однесуваат пристојно. Во спротивно, не знам што можат позитивно да очекуваат од наша страна, рече Каракачанов.

Минатата недела бугарскиот премиер Бојко Борисов и наложи на заедничка историска комисија решавањето на спорните прашања да биде до 10-ти ноември.

Да потсетиме, бугарскиот парламент во октомври 2019 година донесе рамковна позиција за пристапување на Македонија во ЕУ. Според тој став, Скопје мора да се откаже од идејата за македонско малцинство во Бугарија, да ги рехабилитира Бугарите кои биле подложени на репресија за време на Југославија, да ги отстрани натписи од спомениците како „бугарски фашистички окупатор“, додека во документите на ЕУ мора да се користат зборовите официјален јазик на Република С. Македонија, а не македонски јазик.

Заедничката мултидисциплинарна експертска комисија за историски и образовни прашања беше формирана врз основа на Договорот за добрососедски односи меѓу Скопје и Софија, потпишан на 1 август 2017 година.

Досега, работата на оваа комисија придонесе за постигнување договор за ревизија на одредени делови од учебниците по историја во Македонија и Бугарија. Сепак, македонските и бугарските членови на комисијата сè уште имаат спротиставени ставови за припадноста и постапките на револуционерот Гоца Делчев.

Извор: Во Центар

Сподели
  •  
  •  
  •  
  •  
  •  
  •