октомври 23, 2020

Ние сме измамен народ притиснат најбрутално до ѕид, ама не и победен

Што мислите Бујар како преговара со Захариева за единствената татковина што им остана на Македонците – македонскиот јазик?
Се бори жестоко со неа, се спротивставува, му се превртува во утробата кога таа го уценува со вето во ЕУ и кога го негира македонскиот јазик?
Не е смешно, трагично е КОЈ со КОГО преговара за минатото сегашноста и иднината на МАКЕДОНЦИТЕ.
Не очекувајте ништо добро. Решени се да прават компромис со Бугарите. Само ќе ни соопштат: А бе македонскиот е македонски јазик, ама така малку бугарски. Е таков ќе биде тој трик компромис. Со тоа што комисиите уште преговараат е уште еден доказ за тоа. Заев е решен да клекне уште еднаш. Сега само глуми, го чека вистинскиот миг да го направи и последниот чекор. Да го објави компромисот гарниран со нови лаги за европската ни иднина.
Ние сме измамен народ , притиснат најбрутално до ѕид. Ама не и победен.
Само почнете да размислувате што потоа?
Какви форми на отпор ќе преземеме како народ.

Сподели
  •  
  •  
  •  
  •  
  •  
  •