октомври 22, 2020

Меркел им порача на Германците: Сега секој ден е важен, избегнувајте патувања

Германската канцеларка Ангела Меркел апелираше до граѓаните да направат што е можно повеќе во борбата против пандемијата, повикувајќи ги Германците за време на видео обраќањето да се придржуваат до прописите донесени од владата.

Сподели
  •  
  •  
  •  
  •  
  •  
  •  

„Мораме да сториме сè за да спречиме неконтролирано ширење на вирусот. Сега секој ден е важен. Каква ќе биде зимата, каков ќе биде Божиќ, за тоа ќе се одлучи во наредните денови и недели“, рече Меркел, пренесува Си-ен-ен.

Германската стратегија против пандемијата досега се фокусираше на следење на контактите на заразените лица за да ги изолираат пред да заразат други.

„Здравствените власти прават неверојатна работа во овој поглед, но не можат да ги следат контактите во оние области каде што има премногу инфекции“, рече германската канцеларка.

Меркел исто така ги повика граѓаните да се среќаваат со многу помалку луѓе и надвор и внатре во своите домови, додавајќи дека луѓето треба да се обидат да избегнуваат патувања и да присуствуваат на големи собири.

„Ако секој од нас драстично го намали бројот на контакти надвор од своето семејство, тогаш е можно да се запре, па дури и да се сврти овој тренд на ширење на пандемија“, додаде таа.

Сподели
  •  
  •  
  •  
  •  
  •  
  •