октомври 26, 2020

КОЛКУ ФРТАЉИ, МАЈСТОРЕ?

Си седеле така два месара, два шнајдера… Ууупс! Пардон, се извинувам! Не ти биле месари, ниту ми ти биле шнајдери, туку ми ти биле „историчари“, по професија псевдо политичари. Си седеле така и, без никого да прашаат, си делеле нешто како да е нивно – само политичарско или „историчарско.“ Си седеле и си делеле: „Еден фртаљ мене, еден фртаљ тебе… Два фртаља од ова мене, два фртаља од ова тебе…“ Си седеле и си делеле, без око да им трепне, бидејќи ми ти постоел само планот А. Тој план да ти бил мост. Така, се раскажува, дека им било речено. Како им било речено, така и постапиле: „Еден фртаљ мене, еден фртаљ тебе…“

Сподели
  •  
  •  
  •  
  •  
  •  
  •