октомври 24, 2020

Кајчев: Нема напредок за Гоце Делчев, од 14 наши забелешки за средновековието, поминавме само три

Напредок речиси и да нема. Средбата во Скопје заврши речиси без резултат, изјави бугарскиот историчар Наум Кајчев, член на Мешовитата комисија за историски и образовни прашања по вчера завршената дводневна средба во Скопје.

Кајчев за ТВ емисијата „Панорама“ на БНТ изјави дека освен тоа што нема решение за Гоце Делчев, се појавил и нов проблем.

„Тоа е непотпишувањето на протоколот од минатата, девета средба. Дискутиравме и за учебниците по историја во Република Северна Македонија за седмо одделение, т.е. за средновековието, и всушност од сите наши 14 забелешки, досега поминавме само три. Проблемите се поврзани и со медиумското покривање на овие средби и негативната реторика кон Бугарија, а тоа на некој начин се рефлектира и на работата на комисијата“, изјави Кајчев.

Тој во однос на Гоце Делчев атмосферата во комисијата ја опиша со, според него изјавата на еден од македонските историчари – „ако кажам дека Гоце Делчев е Бугарин, ќе бидам обесен на првата бандера“.

Сподели
  •  
  •  
  •  
  •  
  •  
  •