октомври 26, 2020

Дури 11 милиони луѓе од кинескиот град Кингдао се тестираа и никој немаше корона?!

Дури 11 милиони луѓе беa брзо тестирани во кинескиот град Кингдао. Се до вчера, до кога биле анализирани тестовите од експресното тестирање, кај 10,9 милиони жители, не бил пронајден ниту еден нов случај на коронавирус. 

Сите анализирани тестови биле негативни. „Ризикот од локално пренесување на вирусот е фактички елиминиран“, изјавил заменик градоначалникот на Кингдао, Шјуе Кингуо.Инаку, во тој град властите наредиле тестирање на целото население, по откриени 13 случаи на ковид-19, и тоа всушност беа први локални трансмисии по повеќе од два месеца. Сите нови случаи биле поврзани со локална болница, откако таму биле донесени двајца заразени работници од пристаништето.

Кина е првата држава во која се појави коронавирусот, а потоа се прошири и во останатите делови на светот.

Сподели
  •  
  •  
  •  
  •  
  •  
  •