октомври 21, 2020

Шамар за Вучиќ?

Вучиќ за посетата на Путин: Сè уште чекаме одговор, Лавров доаѓа во Белград.

Коментирајќи ги наводите дека Москва ја откажала посетата на Путин поради приближувањето на Србија кон Америка, Вучиќ рече дека неколку пати разговарал со рускиот претседател и дека Путин „едвај чека да дојде во Србија“, но дека во моментов се соочува со таква епидемиолошка ситуација во Русија во која дневно има „15.000 заболени и 300 смртни случаи од корона“.

„Сè уште го чекаме неговиот одговор, но и самите имаме мал проблем затоа што работите околу завршувањето на Храмот Свети Сава доцнат околу дваесетина дена“, рече Вучиќ и потсети дека Путин требаше да присуствува на отворањето на тој верски објект бидејќи и Русија даде пари за работа на храмот.

На прашањето зошто рускиот министер за надворешни работи во рамки на неговата турнеја низ регионот не планирал да ја посети Србија, Вучиќ рече дека „како што стојат работите“ Лавров секако ќе дојде во Белград.

„Не сакам да им се јавувам на медиумите и да ги известувам за тоа. Србија има одлични односи со Русија, но е на европски пат. Србија е слободна, независна држава со која многу се гордееме и сигурен сум дека тоа го почитуваат и Путин и Лајчак и Ангела Меркел и Си Џинпинг“, рече Вучиќ.

Сподели
  •  
  •  
  •  
  •  
  •  
  •