октомври 29, 2020

Времето лета, 13 години откако светот изгуби ангел

Миленик на Хрватска и на целиот регион, чии песни ги обожаваа сите, тој остави зад себе музика што ќе не натера да го паметиме долго време. Тоа утро, на 16 октомври 2007 година, времето застана и целиот регион остана во шок.

Поминаа цели тринаесет години откако човекот со ангелски глас, Тоше Проески, не напушти прерано. Човекот, кој скоро никогаш не симнуваше насмевка од лицето, со своите музички дела, но и со своите хумани гестови, го најде патот до срцата на сите што го познаваа, но и оние кои не го познаваа. Секој од нас се сеќава на неговиот карактер и дела на свој начин.

Меморијална програма во чест на 13-годишнината од смртта на Тоше Проески

Во среда, на 14 октомври во 14:15 часот, во Нова Градишка, пред Електротехничкото и економско училиште, ќе се положат венци пред споменикот на Тоше, а потоа во 14:30 часот ќе започне традиционалниот маратон на патот кон Крушево. За сите оние кои се во Загреб … На денот на тажната годишнина, во петок, ќе се отвори капела во “Рок Паркот” во Загреб. Секој на кого му значи Тоше и го носи во срцето, може да дојде тој ден од 17 до 18 часот, да запали свеќа за неговата душа.

Извор: Глориа

Сподели
  •  
  •  
  •  
  •  
  •  
  •