октомври 31, 2020

Трамп сакал на излегување од болница да ја откопча кошулата и да открие маица Супермен

Американскиот претседател Доналд Трамп имал намера кога ќе ја напушта болницата да ја раскопча кошулата и да открие маичка со симболот на Супермен под неа, пишува focus.de.

Сподели
  •  
  •  
  •  
  •  
  •  
  •  

Во неколку телефонски повици минатиот викенд од претседателскиот апартман во Националниот воено-медицински центар Валтер Рид, г. Трамп споделил идеја за која размислувал: кога ќе излегува од болницата, тој сакал отпрвин да изгледа изнемоштен кога ќе го видат луѓето, според лица што ги слушнале разговорите. Но под неговата кошула на раскопчување, тој сакал да облече маичка Супермен, која ќе ја откриел како симбол на сила кога ќе го раскопчал горниот дел. Тој на крај се откажал од „точката“.

Трамп беше отпуштен од болницата Валтер Рид, каде што беше хоспитализиран поради инфекција со коронавирусот, во вторникот (6 октомври).

Сподели
  •  
  •  
  •  
  •  
  •  
  •