октомври 26, 2020

Изрешетан полицаец во Загреб (видео)

Во центарот на Загреб утринава имаше пукање. На Марков трг, кај зградата на владата е застрелан полицаец, а напаѓачот е најден мртов. Блокиран е дел од градот.

„Слушнав пукање, ова го немаше ни за време на војната“, кажа еден жител на градот за Н1.

Како што пренесуваат хрватските медиуми, повредениот полицаец бл превезен со брза помош во болница, а по напаѓачот почнала потрага, за потоа полицијата да соопшти дека неговото тело е најдено и дека тој се убил.

Повеќе медиуми јавуваат дека полицаецот е застрелан од „калашњиков“.

Потпретседателот на хрватската влада и министер на бранителите Томо Медвед им кажа на новинарите дека не може да навлегува во деталите на овој настан. „На граѓаните можат да им кажам дека Хрватска е безбедна земја“, кажа тој.

На местото на настанот пристигна и хрватскиот премиер Андреј Пленковиќ, но не даваше изјави за медиумите.

Според првичните информации состојбата на ранетиот 31-годишнен полицаец е стабилна. Тој ќе биде наскоро опериран, бидејќи има четири прострелни рани од кои две во рака и две во телото.

Сподели
  •  
  •  
  •  
  •  
  •  
  •