октомври 22, 2020

ДДВ ВО ВИКЕНД БЕЗ ДДВ

Во „викенд без ддв“ човек купил два лаптопа за децата. А данокот уредно му бил наплатен. Зошто? Зашто требало да се македонски производи па да нема данок (македонски лаптопи?!). Ако не бил македонски производ, УЈП немал начин како да знаe дека е ИТ опрема.

Патем, никој од УЈП или друга институција официјално ги нема известено компаниите, ИТ опремата која ја продаваат да ја заведуваат како македонска.

Истото се случува и со македонските производи. Во многу маркети сегментот на фискалната сметка за ддв од македонски производи е секогаш 0. И во многу ресторани каде треба да се работи за “македонски услуги” во овој дел на сметката секогаш износот е 0 (чест на исклучоците).

Башка тоа што додека галопираме кон 500 заразени на ден, тие организираат масовен шопинг.

Сподели
  •  
  •  
  •  
  •  
  •  
  •