октомври 20, 2020

Калајџиев: Се плашам дека судијата Јован Илиевски може да го корумпира Судот во Стразбур (аудио)

Професорот Гордан Калајџиев, кој предупреди дека случаите на СЈО може да паднат пред Судот за човекови права во Стразбур, се плаши од влијание на македонскот судија во судот,  Јован Илиевски, баџанак на Сашо Мијалков.

Калајџиев: Се плашам дека судијата Јован Илиевски ќе го корумпира Судот во Стразбур

Во интервју во емисијата „Стадион“ на Канал 77 Калајџиев вели дека не станува збор за пресврт и дека не треба да се биде пророк за да се предвиди дека случаите на СЈО најверојатно ќе паднат, туку доволно е да се познава правото.

Според Калајџиев Судот во Стразбур ѝ дава предност на правната сигурност и поаѓајќи од тоа дека со повлекувањето на аболицијата на луѓето им е нарушена правната сигурност, го проблематизира повлекувањето, зашто во согласност со меѓународното право и праксата, се претпоставува дека претседател на држава е сериозна инситутција која не се зафркава со давање или одземање помилување на луѓето.

Поништувањето се случило со закон кој е донесен подоцна и е на штета на помилуваните, како што одлучил и грчкиот Врховен суд во случајот со пребеганиот Грујовски. Затоа на одземање на помилувањето кое не е предвидено никаде се гледа со голем сомнеж. Се гледа од почеток дека имало проблеми, а сите се правеле “на Тошо“, вели Калајџиев.

За Стразбур да сфати зошто се правеле мали правни повреди и калкулации, треба да сфати дека се работи за луѓе кои одговараат за сериозни повреди на човековите права земени во целина, смета Калајџиев, кој објаснува дека на ред е државата, која треба да докаже дека заробена држава е сериозен проблем на кршење на човековите права.

Но, за да се докаже тоа, треба да се покаже тоталитетот на случаите, извештаи на Прибе. Во Стразбур дури ни овие десет случаи не се во еден предмет, а тоа е многу чудно, вели Калајџиев.

Според него невообичаено е што десет слични предмети се поделени во две групи.

Се надевам дека не е некоја ујдурма во кулоарите на Стразбур или влијание на нашиот претставник Јован Илиевски,. Тој и да се изземе, ќе има таму влијание. Тој е судија, колега на тие луѓе, кој досега можел да им се прави многу фин, да им прави ситни услуги, да ги поддржува, без тие да знаат дека пазари со нив. Човечки попуштаат дури и да  не се свесни за тоа. Ручаат заедно, си кажуваат приватни работи, па кога ќе го прашаат што мислиш за ова, ќе направи една фаца и доста е. Доста е да каже повреда е тоа, се гледа од километар. Нема ни да знаат дека ги корумпирал, изјави професорот Калајџиев, кој не ја исклучува и можноста тогашната власт и обвинетите да направиле добра математика па ги поништил помилувањата знаејќи дека сето тоа ќе падне после во Стразбур.

Калајџиев се осврнува и на односот на Судот во Стразбур, но и на Евроспката комисија кон правната постапка. Според него, препораките на Еу се однесуваат на политичкиот дел, на криминалната политика, со што не се занимава Судот во Стразбур.

Судот во Стразбур тргна од тоа дека во правото правдата може да се постигне само на определен начин и не по секоја цена. Тоа е постојана правна битка во која преовладува мислењето дека процесната правда и начелата по кои ги судиме обвинетите, криминалците, е огледало на нашата цивилизација и ние не можеме тоа да го правиме со мускули. Тоа би значело исто како да ги тепаме на улици, воопшто да не ги судиме тогаш. Тие имаат право со почитување на сите правни гаранции. Ние сме спремни како цивилизирано општество некои криминалци да ги пуштиме ако не можеме да ги осудиме во правична постапка. Тоа е главната грижа на Судот за човекови права, објаснува Калајџиев.

Тој вели дека треба да се почитуваат човековите права во кривична постапка.

Не по секоја цена, само во правична постапка, со почитување на сите гаранции, зашто ние не сме исти со криминалците. Ние ги почитуваме правата на сите, па и на криминалците. Ако можеме да докажеме во правична постаапка дека се криминалци, добро, а не со тортура, со правни финти, со продолжување на роковите. Ние буткавме овде работи со сила. Помилувањето со сила, рокот кој беше неспорно договорен, да не се лажеме, и Заев призна и Ванхојте призна, дека им даваме специјални алатки, но им дадовме и рок на СЈО. И самите беа свесни за рокот. По две години некој ги подбуцна шибај со обвиненија, па ајде на мускули. Па после видоа тонат, па ајде пак на мускули ќе им ги земеме со писма од затвор кои никој не ги виде. Републичкиот обвинител никогаш не го покажа писмото на Катица да го видиме. Не можете да градите доверба со свесно кршење на правото, завршува Калајџиев.

Сподели
  •  
  •  
  •  
  •  
  •  
  •