октомври 26, 2020

(ВИДЕО) Пендаровски: Час поскоро да се помириме и обединиме

стево-пендаровски

Антифашизмот е цивилизациска придобивка, но антифашистички се и темелите на македонската држава, порачува претседателот Стево Пендаровски во неговото обраќање по повод 11 Октомври – Денот на народното востание.

Претседателот вели дека имаме одговорност да се спротивставиме на растечкиот расизам, дискриминацијата и неофашизмот.

„Тоа се прави само на еден начин: со градење на демократска држава, во која граѓаните се еднакви пред законот, и нема недопирливи за правдата. Затоа е нужно, час поскоро, да се помириме и обединиме во изградбата на солидарно општество во кое ќе се почитува правото на достоинствен живот на секој македонски граѓанин. Со тоа ќе го дадеме нашиот придонес кон прогресивното, глобално движење за човекови права и слободи, за социјална правда и еднаквост“,

вели Пендаровски.

Тој порачува дека фашизмот, за жал сè уште не е целосно искоренет и треба да бориме секој поединец независно од неговата припадност да биде безбеден и почитуван.

Сподели
  •  
  •  
  •  
  •  
  •  
  •