октомври 25, 2020

Филипче за забраната на повеќе од 4 гости: Оставаме на правниците да препорачаат механизми за контрола

Министерот за здравство, Венко Филипче, истакна дека правните експерти ќе препорачаат механизми за контрола, а поврзано со мерката за забрана на повеќе од 4 гости во домовите.

Тој потенцираше дека приоритет е заштита на јавното здравје.

„Видовме дека има и правни експерти кои укажуваат на тоа дали мерките се уставни или не. Но, ние носиме мерки врз основа од досегашните искуства. Свесни дека во периодот којшто следи може да има семејни собири кои може да доведат до кластери логично е да ги забраниме. Оставаме на правниците да видиме во каква форма тоа ќе биде препорачано и каков ќе биде начинот на контрола, но морам да потенцирам дека апсолутно заштитата на здравјето е приоритет. Не може да затвориме очи и да дозволиме да се случуваат настани кои може да доведат до нови заболени, а и други земји го прават истото. Суштината е да се ограничи групирањето и да се носат маските. Ако има правна пречка верувам дека ќе најдеме начин да се надмине, заради тоа што ова мора да биде приоритет“,рече Филипче.

Оваа мерка ја предложи Комисијата за спречување на заразни болест, но се уште нема зелено светло од Владата.

Сподели
  •  
  •  
  •  
  •  
  •  
  •