октомври 21, 2020

Трамп излезе на тераса и одржа говор – првпат откако излезе од болница (ВИДЕО)

Американскиот претседател Доналд Трамп првпат се појави во јавност по излегувањето од болница.

– Се чувствувам одлично, рече Трамп, пренесува Ројтерс.

Првпат по излегувањето од болница, Трамп, како што пренесуваат медиумите, се обрати од терасата на Белата куќа на собир кој е наречен „Мирен протест за закон и ред“.

На овој настан присуствуваа неколку стотина поканети гости, кои се наоѓаат на тревникот пред Белата куќа.

Како што пишува агенцијата АП, Белата куќа се уште официјално не соопшти дали Трамп и натаму е позитивен на коронавирус.

Претседателот на САД, кој одби да учествува во виртуелна дебата со противкандидатот Џозеф Бајден, која во меѓувреме е откажана, го најави своето присуство на партискиот собир во градот Санфорд во американската сојузна држава Флорида.

Сподели
  •  
  •  
  •  
  •  
  •  
  •