октомври 21, 2020

Трамп денес планира да одржи говор од балконот на Белата куќа

Американскиот претседател Доналд Трамп планира да одржи говор од балконот на Белата куќа во сабота, помалку од една недела откако тој беше во болница поради инфекција со коронавирус, изјави за CNBC денес официјален претставник на Белата куќа.

Тоа ќе биде прв јавен настан откако Трамп минатата недела објави дека тој и Меланија Трамп се позитивни на ковид-19. После тоа соопштение, голем број други претставници на Белата куќа, исто така, рекоа дека се заразиле со коронавирус. Тој ќе зборува за демонстрантите.

Предвидено е Трамп да се појави на балконот во Белата куќа во 14 часот по локално време и да даде „забелешки на мирните демонстранти“.

Претседателот се зарази со коронавирус пред помалку од една недела по големата прослава во Белата куќа во чест на Ејми Кони Барет, или нејзината номинација во Врховниот суд. Повеќе од десетина официјални лица кои присуствуваа на настанот подоцна изјавија дека се позитивно на ковид-19. Трамп одлучи да се појави лично на балконот од Белата куќа во време кога многумина го критикуваат за релативизирање на ризикот од пандемијата и присуство на состаноци кои не инсистираат на мерка на социјална дистанца.

Тој ќе одржи и митинг во понеделник

Исто така беше објавено дека Трамп има намера да го одржи својот прв митинг во понеделник по инфекцијата со ковид-19. Митингот ќе се одржи во 19 часот во градот Санфорд, Флорида, пренесува АП.

Сподели
  •  
  •  
  •  
  •  
  •  
  •