октомври 25, 2020

Со руска медијација Ерменија и Азербејџан се договорија за прекин на огнот во регионот Нагорно Карабах

Почнувајќи од денеска напладне, договорена е и размена на затворениците и телата на загинатите во судирите, рече рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров рано утровo.

„Прекинот на огнот се најавува од пладне на 10 октомври 2020 година со хуманитарни цели“, рече Лавров по десетчасовните разговори меѓу ерменските и азербејџанските министри за надворешни работи.

Тој исто така додаде дека Ерменија и Азербејџан се согласиле на преговори за ставање крај на конфликтот.

Овој состанок на шефовите на дипломатиите на завојуваните страни е првиот директен контакт меѓу Ерменија и Азербејџан по избувнувањето на новите конфликти на 27 септември.

Оттогаш, повеќе од 400 лица се убиени во борбите во Нагорно-Карабах, планинска енклава што официјално е дел од Азербејџан, но ја водат етнички Ерменци.

Сподели
  •  
  •  
  •  
  •  
  •  
  •