октомври 30, 2020

ДИВАТА СЕЧА НА ОГРЕВНО ДРВО ВО СТРУШКО НЕ ЗАПИРА (видео)

Со полна пареа секојдневно оперираат дрвокрадците од Струшко.

Последно полицијата фати цел камион со крадени дрва на патот Струга – Дебар, а претходно во месноста „Орли“ во атарот на селото Црвена Вода во Дебрца заплени околу 15 метри просторни исечени дрвја, како и седум коњи натоварени со дрва. Кон сите дрвокрадци фатени на лице место се поднесени кривични пријави информираат од СВР-Охрид.

На неконтролирана сеча на Јабланица се уште алармираат и жителите на селото Октиси кои се жалат дека шумата е целосно опустошена, а никој не презема ништо.

Октишани зимата излегоа и на протести, ама освен ветувања дека ќе се реши проблемот на добија ништо во пракса. Сечата на диво си продолжила и летото, а и сега.

Жителите сметаат дека проблемите со дивата сеча можат да се решат само со поголема контрола и казни од институциите, но и прогласување на планината Јабланица за национален парк. Во спротивно можат да секнат изворите од кои селото се снабдува со вода.

Сподели
  •  
  •  
  •  
  •  
  •  
  •