октомври 30, 2020

ВМРО-ДПМНЕ: „На здравје бричењето кога грант се дава на фризерница“

„Додека во граѓаните не можат крај со крај да врзат, гледаме дека функционерите во СДСМ си делат европски пари за едукација, образование, млади и спорт, на фризерници кои немаат врска со темата на проектот со кој што аплицирале. Во сите други земји вакви како што видовме за овој проекти добиваат угледни школи, училишта и универзитети, додека пак во Македонија вакви проекти добиваат берберници и фризерници, иако условот за добивање на грант е правниот субјект да дејствува во областа на проектот. Затоа и на ова дереџе ни е дојдено образованието во Република Македонија”, рече Арсовски.

Со зборовите дека Лидија Димова е една, како што рече, од директорите од СДСМ, Арсовски оцени: „Е па народе, на здравје бричење од страна на СДСМ. Граѓаните во сиромаштија, функционерите на СДСМ во луксуз”.

Тој рече дека за лицето Зоран Златковски, кој е сопственик на фризерницата, се знае дека бил обучувач на наставници во Агенцијата со која раководи Лидија Димова и дека е познато оти е нејзин близок пријател од редовите на граѓанскиот и партискиот активизам на СДСМ.

„Јавното обвинителство за организиран криминал до сега требаше да биде влезено во Агенцијата со која раководи Лидија Димова и да има отворено истрага. Но, тоа нема да се случи доколку не се изврши јавен притисок, бидејќи со тоа Јавно обвинителство командуваат Русковска и Зоран Заев”, рече на прес – конференцијата портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ.

Сподели
  •  
  •  
  •  
  •  
  •  
  •