октомври 25, 2020

ПОТРЕБНО Е ДА СЕ ИЗРАБОТИ ФИЗИБИЛИТИ СТУДИЈА ЗА СОСТОЈБАТА НА ПРЕСПАНСКОТО ЕЗЕРО

Република Грција, Република Албанија и Република Северна Македонија мора да преземат сериозни чекори за надминување на состојбата со повлекување на водите од Преспанското Езеро, смета градоначалникот на Општина Ресен Живко Гошаревски.

Локалната самоуправа, според него, согласно ингеренциите презема се што е во надлежност за заштита на ова природно богатство. Но, како што нагласи првиот човек на Општината, проблемот е покомплексен и потребна е физибилити студија која ќе понуди решенија.

– Со министрите за животна средина и просторно планирање и за земјоделство, шумарство и водостопанство Насер Нуредини и Аријанит Хоџа и експерти од оваа област дискутиравме за сите можни причини кои доведоа до намалување на нивото на Преспанското Езеро, истакна Гошаревски.

Освен климатските промени, како една од причините, додаде, е наведено и зголемувањето на обработливи земјоделски површини и користење на подземните води за нивно наводнување.

– За 10 години земјоделското земјиште е зголемено за 1.500 хектари, односно од 3.000 на 4.500 хектари. Трите држави на експертско ниво треба да изработат физибилити студија и да понудат можни решенија, истакна Гошаревски.

Раководителот на сектор за животна средина при Општина Ресен, Ајман Алмалла смета дека сликата на преспанското крајбрежје е алармантна. Во Претор е повлечена за 35 до 40 метри во хоризонтала.

– Водата е повлечена неколку сантиметри од брегот. Кон крајот на февруари имавме состојба на минус 493 сантиметри согласно водомерната летва во Стење, што, според последното мерење извршено од Секторот за животна средина при Општина Ресен, во Стење, покажува намалување на уште 12 сантиметри. Не падна дожд и тоа си го прави своето. Преспанското Езеро е уникатен и повредлив еколошки и хидролошки систем што е многу осетлив на климатските промени, но и на човечките активности. Тоа е дел од причините зошто состојбата е на такво ниво. Потребна е сеопфатна анализа на сите компоненти на водниот биланс, за да дојдеме до банка на податоци согласно која ние можеме да предвидиме мерки за намалување на негативните појави, вели Алмалла.

Општина Ресен, во соработка со Хидробиолошкиот завод од Охрид, посочи, почнала со анализа на севкупнот живот во Преспанското Езеро, на квалитетот на водата во езерото, но и во сливните подрачја.

– Согласно тие анализи и резултатите од нив треба да се седне на државно ниво и да се преземат мерки и активности краткорочни што можеме на ниво на Општина Ресен да ги спроведуваме во однос на одржливото управување. Покрај на ниво на Влада, потребна е и прекугранична соработка, додаде раководителот на Сектор за животна средина.

Ваква состојба, додаде, имало и во 2007 и 2008 година, но, како што појасни Алмалла, од 2010 до 2016 година нивото на водата повторно било вратено.

– На годишно ниво имаме над 36 милиони кубици вода што се користат за наводнување. Експанзијата на земјоделското земјиште треба да го ставиме под контрола, да воведеме нови култури кои ќе бидат одржливи на климатските промени, а со тоа и ќе се намали процентот на користење на подземните води и водите на Преспанското Езеро, посочи Алмалла.

За надминување на состојбата со водостојот на Преспанското Езеро, здружението Охрид СОС почна петиција. Според Драгана Велковска од Охрид СОС, езерото во моментот има најниско ниво во последните 100 години, односно откако се мери нивото на водата.

– Со петицијата бараме итно и неодложно Владата на Република Северна Македонија да прогласи кризна состојба на целото подрачје на сливот на Преспанското Езеро, да се формира научно техничка комисија за спас на езерото, да се дефинира фазен план за негов спас,

Сподели
  •  
  •  
  •  
  •  
  •  
  •