октомври 22, 2020

Лазаров: Разрешени се медицинските сестри кои Филипче ги убедуваше да останат на Инфективна

Медицинските сестри коишто дадоа отказ од Инфективна, а кои експресно ги прими загрижениот министер другиот ден, експресно се разрешени од местата одделенска т. е главна сестра после состанокот. Оваа информација на официјалните мрежи ја сподели доктор Ненад Лазаров.

Случајот минатата недела ја разбранува јавноста. Тогаш беше објавено дека Главната медицинска сестра и уште две нејзини колешки си дале отказ од Клиниката за инфективни болести. Во отказите кои протекоа и на социјалните мрежи, главната медицинска сестра наведува дека една од причините за заминувањето е и деградирање на професијата.

„Барам да ми го прифатите отказот од работа, со претходна најава од месец дена,  во кој период ќе го користам годишниот одмор од 2019 и 2020 година. Причините да ја напуштам клиниката по 28 години професионална работа се многубројни, но би навела само една: Непочитување и деградирање на профилот медицинска сестра, како една од најважната алка во медицинскиот тим”, наведува главната медицинска сестра во нејзиното барање до раководството на Инфективната клиника.

Веднаш потоа Венко Филипче, министерот за здравство, на Фејсбук објави фотографија со трите медицински сестри, меѓу кои и главната на Клиниката за инфективни болести, и објави дека ќе ги убедува да останат на работа. Тие побараа отказен рок откако се пожалија дека наишле на недостоинствен однос во центарот каде што се води најголемата борба со Ковид-19.

Сподели
  •  
  •  
  •  
  •  
  •  
  •