октомври 27, 2020

Заев: Отворам дебата за декриминализација на марихуаната

Дебата за повеќе теми меѓу кои за искористеноста на државното земјиште, но и за легализација на марихуаната планира да отвори Владата во следниот период. Премиерот Зоран Заев синоќа при гостувањето во Економски магазин на Алсат М изјави дека треба да се дебатира за легализирање на парите коишто се надвор од тековите, освен оние коишто се криминални и за коишто има процеси. 

Меѓу клучните работи кои треба да се отворат ги наведе и проблемот со регистрацијата на странските возила и проблемот со малото учеството на угостителството во бруто домашниот производ.

„Дали ќе правиме нешто со декриминализација на марихуаната? Ги нафрлам како теми. Ние немаме став, ние сакаме да го слушнеме општеството, да ги пуштиме во оптек сите наши ресурси, затоа што реков неповторлив е периодов, Европа е тука, еве определени се милијарди за регионот, сѐ вредеше ова целото, создадовме одлични околности, рече Заев.

Тој рече дека се претпоставува дека има најмалку милијарда и петстотини евра коишто се надвор од тековите. 

Сподели
  •  
  •  
  •  
  •  
  •  
  •