октомври 25, 2020

ГОЛЕМА ПОБЕДА НА МАКЕДОНИЈА ПРОТИВ КОСОВО, УШТЕ ЕДЕН ЧЕКОР ДО ЕВРОПСКО

Македонската фудбалска р5епрезентација го доби натпреварот со Косово и дојде на една победа за пласман на европското првенство наредното лето.

Вечерва на арената „Тодор Проески“, македонските фудбалери славеа со 2-1 и беа подобар противник во сите 90 минути од натпреварот.

Головите паднаа во првите 45 минути. Поведовме во 16 минута кога Стефан Ристовски шутна, а топката се одби од Кололји и заврши во мрежата на Косово. Косово изедначи многу брзо користејќи една грешка на голманот Столе Димитревски.

Сепак Македонија ја врати предноста во 33 минута кога Енис Барди избеде слободен удар, а Дарко Велковски со глава ја погоди мрежата. Во второто полувреме, Македонија имаше контрола на теренот, постигна и два гола кои беа поништени поради офсајд, но и се спасуваше од стпроцетна шанса на Косово во судиското продолжение.

Нашата репрезнетација се пласира во финалето на плејофот против Грузија во Тибилиси на 12 ноември. Победата на тој натпревар не носи на европското првенство.

Сподели
  •  
  •  
  •  
  •  
  •  
  •