октомври 29, 2020

Уловени бизнисмени, банкари и сметководители во акцијата “Рибар” на Управата за финансиска полиција

Дваесетина бизнисмени, банкари и сметководители се уапсени во акцијата “Рибар” на Управата за финансиска полиција, дознава Фокус од доброупатен извори.

Акцијата е во тек, односно се вршат разговори со приведените, по што ќе бидат познати повеќе детали.

Според првичните информации станува збор за затајување на данок и местење на тендери. Според информации на “Фокус”, се чешлаат тендерите кои излегувале од општините Тетово и Гостивар.

Сподели
  •  
  •  
  •  
  •  
  •  
  •