октомври 30, 2020

Нова герила акција: Во Прилеп со чекан уништена табла со “северна” (ВИДЕО)

Продолжува герила акцијата која што започна вчера кога во Скопје и Битола беа чкртани ознаките на споменици кои власта ги означи како дел од хеленската култура согласно Преспанскиот договор.

Според видеото кое осамна на социјалните мрежи ноќеска во Прилеп засега непознат маж со чекан ја уништил таблата на локалната Агенција за вработување на која пишува Република СЕВЕРНА Македонија.

Во герила акцијата на ѕидот на институцијата е напишана и безобразна порака до социјалдемократскиот сојуз со сексуално значење.

Во видеото во кое се користи легендарната песна “Во борба, во борба Македонски народе” се порачува “Прилеп, под ропство пишти, 6 октомври 2020” со што се алудира на повик на востание по примерот на 11 октомври ден кога во 1941 во истиот град бил нападнат бугарскиот полициски и воен участок по што започнало народното востание против фашистички окупатори.

Сподели
  •  
  •  
  •  
  •  
  •  
  •