октомври 26, 2020

Две генетичарки се добитнички на Нобеловата награда за хемија

ОВАА ГОДИНА Нобеловата награда за хемија им беше доделена на две генетичарки, Емануел Шарпентие од Франција и Џенифер Дудна од САД, за нивните достигнувања во истражувањето на методот за модификација на геномот познат како CRIPSR-Cas9, објави Шведската кралска академија на науките.

„Емануел Шарпентие и Џенифер А. Дудна напредуваа со една од најострите алатки во генетската технологија – молекуларните ножици CRISPR / Cas9“, се вели во соопштението на Шведската кралска академија на науките. „Оваа технологија има револуционерно влијание врз науката и придонесе за развој на нови терапии во борбата против ракот и може да го оствари сонот на научниците да лекуваат наследни болести“, се вели во образложението. „Способноста да се сече ДНК со помош на оваа технологија ја револуционизираше науката“, им рече на новинарите Пернила Витунг Стафшед, член на Академијата.

Сподели
  •  
  •  
  •  
  •  
  •  
  •